Енергетска ефикасност за автомобили

Автомобилски Клима Фолии

Трермичка заштита, УВ заштита и квалитет

Кога бирате фолија за Вашето возило што на Вас ви одговара, пазарот е огромен.  Но Вие барате повеќе од опции. Вие го сакате најдоброто решение. Одберете LLumar и обезбедете максимални перформанси.

Термичка заштита

Под дејство на сончевите зраци, внатрешноста на Вашето возило може да стане неподносливо топла. Поставувајќи фолија со високи перформанси, може да ја редуцирате температурата во својот автомобил и до 16оC (29oF) ... со што обезбедувате поудобно возење, го намалувате оптеретувањето на клима уредот и штедите гориво.

УВ заштита

Ултравиолетовите зраци (УВ) може да предизвикаат оштетување на ентериерот на возилото, како и несакани последици по здравјето на човековата кожа. LLumar клима фолиите создаваат заштитна бариера која блокира и до 99,9% од штетните УВ зраци со што ве штитат Вас и Вашите сопатници од изложеност на истите, а истовремено го успоруваат стареењето на внатрешноста на Вашето возило за таа многу подолго време да изгледа како нова.

Квалитет

За да осигураат долгорочен квалитет, сите LLumar фолии за стаклени површини се направени од висококвалитетни материјали, но тоа сепак не е доволно! Затоа LLumar фолиите ги монтираат стручно обучени и квалификувани изведувачи.  Покрај тоа на LLumar фолиите се користи HPR лепило, познато во светот по својата јакост, издржливост и оптичка бистрина. Овој квалитет, како и вниманието што во LLumar се посветува на сите па дури и на најситните детали, Ви гарантираат дека сте го направиле најдобриот избор.

Спецификација на карактеристики >>>

Енергетска ефикасност
Фатете чекор со новата иницијатива за заштеда на енергија. LLumar фолиите ја намалуваат потрошувачката на енергија во згради и возила, а со тоа и емисијата на CO2 во воздухот.

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
Безбедност и сигурност
Во денешно време криминалот, вандализмот, тероризмот, природните непогоди и секојдневни несреќи се грда реалност. LLumar фолиите ви пружаат одлична можност да ја контролирате, па дури и да ја елиминирате опасноста и штетата што ја предизвикува скршеното стакло...

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
Декор & Дизајн
Со декоративните фолии на LLumar како и со GrafiWrap Автомобилски & Декоративни фолии може да се постигнат неверојатни естетски ефекти за декорација и извонреден дизајн на било која сталена површина, парче мебел или на Вашето возило...

>> повеќе за автомобили >> повеќе за градежни објекти
FoliWorld
Трета Македонска Бригада 68
1000 Скопје, Р.Македонија
02 244 3883, 078 305 228
info@folii.mk
Понеделник - петок: 8:30 - 4:00
Сабота: 9:00 - 2:30

Менаџер за инсталација
Горан Антиќ
078 305 228
goran@folii.mk

FoliWorld on Facebook
Индустриски партнери на LLumar